15 Мај, 2024
0.0331

Божикните панаѓури – бизнис за милијардите

Објавено во: Свет 25 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Традиционалните германски божикни панаѓури заработија популарност и на Островот. Британците веќе немаат потреба да патуваат до Германија за чаша греано вино и вурст пред Бадник , бидејќи веќе си " увезуваат " божикен комфорт од Германија. На денешен ден Британците умираат за светлосни венци, дрвени киосци или пак Оревокршачка . Во павилјоните во огромни тави црцорат ароматични лакомства, на влезот - стара детска вртелешка . Мириса на греано вино и цимет , гужвата пред штандовите е огромна , секој сака да купи вурстче и зашеќерени бадеми . Со други зборови : типичен германски Божикен панаѓур ... под услов да не се наоѓаше на брегот на Темза , и ако на спротивниот брег не одблеснуваат познатите силуети на Биг Бен и Вестминстерската палата. Традиционалниот божикен панаѓур, кој се наоѓа недалеку од станицата Ватерло , е само едно од многуте места каде Британците се обидуваат да го сфатат духот на германскиот Божикен комфорт . " Овие панаѓури стануваат повеќе со секоја измината година " , раскажува Беатрикс Вербеек , Германка која продава греано вино во еден од дрвените киосци. Речиси една деценија во Велика Британија се одржуваат божиќни панаѓури по германски образец , оваа година тие се над 15 на број . Панаѓур крај станицата Ватерло се одржува четири години. Првичните 30 киосци оваа година се зголемија на 70. Освен греано вино и вурстови во нив се нудат фламански пици , облека и белгиски чоколадни производи . Постојат и предмети кои е тешко да бидат откриени на божиќните панаѓури во Германија - како Бургер со месо од ној , т.н. " каминен кекс " со чоколадо или пак печење на скара со бело сирење , кое се служи со риба и зеленчук . " Германските Божиќни панаѓури се познати по тоа дека се најдобри и најмногу празнични во светот " , вели Џејми Велс , шефот на друг , уште поголем , лондонско -германски Божиќен панаѓур недалеку од Хајд Парк и соодветно наречен Hyde Park Winter Wonderland . Тука оваа година се наоѓаат над сто павилјони и Џејми Велс е убеден дека панаѓурот е " речиси убав како во Германија " . Многу Британци кои до пред неколку години редовно патуваа пред Божиќните празници до Франкфурт , Нирнберг или Келн , сега остануваат на Островот. Неколку германски компании , кои до неодамна организираа специјални патувања до германските Божиќни панаѓури, сега наместо тоа организираат панаѓури по германски модел во Велика Британија . Во самата Германија божиќните базари се сериозен економски фактор - на нив сезонски зафатени се стотици илјадници луѓе, а прометот им достигнува 5 милијарди евра годишно. Некои од сопствениците на киосци и ефектни атракции прават во четирите недели пред Бадник со греано вино , вурстови и бадеми над една третина од годишниот приход . Најголемите во промет такви панаѓури во Германија се во Дрезден и Нирнберг . Вкупно тие во Германија привлекуваат по 160 милиони посетители годишно. А секој еден од нив остава просечно по 30 евра.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?