Божиќниот базар Подари Среќа ќе ја врати магијата и традицијата на купување новогодишни подароци на Улица Македонија
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2016 13:13
Под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ и оваа година се подготвува интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат2016та година. Од 24ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје. Базарот кој ќе трае 8 дена со себе ќе ја донесе новогодишната магија во главниот град.
Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе im понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучувановогодишна парада, дефиле на Снежната кралица,другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточињаи Златно Славејче, многу детски игри,изведба на претставатана Брашко, дружба со Петко но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програмата вопопладневните часовизапочнувасо новогодишни after-workзабави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи. Настапитена Sarah Mace, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бендсе само дел од програмата. Улица Македонија овие денови ќе има целосна Божиќна атмосфераи преку сетовите на, Dj Brancez,Dj Dela, Dj Bobi и други.Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грееното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна. За повеќе информациии детали во однос на програмата на Новогодишниот базар 2016 може да се посети и официјалниот настан на facebook.
https://www.facebook.com/events/158660207943898/“Подари Среќа” ќе биде место каде сите ќе можат да купат интересни подароци и за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки,чоколада, и многу други производи. Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки чии средства ќе се донираат во СОС Детско село, а при тоа ќе се присетат и на традицијата на испраќање на новогодишни честитки, за чија цел е “резервирано” поштенското сандаче на Македонски Пошти, лоцирано во Ристиќева Палата. Во склоп на програмата, оваа година традиционално ќе се одржии Дедомразовската трка на 25ти декември со почеток во 12.00 часот.
Божиќниот базар “Подари среќа” започнува во сабота на 24ти декември, со почеток во 10:00 часот и трае се до 31ви декември, па за таа цел градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги повикува сите граѓани да уживаат во програмата.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




