05 Декември, 2025
0.0963

Божиновска не очекува проблеми со снабдувањето со гас по одлуката на ЕУ

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2025 14:08

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска, 

на прашањето дали треба да сме загрижени за новата одлука на ЕУ за забрана на транзит на европски гас со оглед на тоа што и терминалот Александрополус не работи, на денешниот брифинг рече дека не очекува проблем во снабдувањето.

Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси.

Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение.

– Тоа важи за краткорочните договори, колку што ми е познато, но бидејќи го ставија од 1.1.2027  година мислам дека ќе има уште некое подобрување. За долгорочните не влијае ништо тука. Македонија  троши 500 илјади метри кубни што не е голема количина. За од 2027 година веќе работиме на гасоводот со Грција, дотогаш би требало да биде готов  и мислам  дека  нема да има проблем бидејќи тоа ќе се решава на европско ниво, значи на ниво на ЕУ сите тие што нема да можат и ќе треба да бараат алтернативи. Во Брисел ќе има разговори и ќе се пронајде алтернативно решение секако, рече Божиновска, 

И во случај ако не го направиме гасоводот и не работи Александропулис, потенцираше дека не треба да се грижиме и оти нема да останеме без гас.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава