Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Објавено во: Економија 03 Декември, 2024
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ја посети хидроелектраната „Тиквеш“ за да се информира за моменталната состојба со хидропотенцијалите, техничката подготвеност и предизвиците поврзани со водостојот во земјата.
Нивото на големата вештачка акумулација во земјава, Тиквешкото езеро, останува далеку под потребното ниво. водата од езерото не е ниту до горниот праг од тунел Тисовец кој е на кота 245 м водостој на Тиквешкото езеро. Генерално состојбата е критична на ниво на цела држава.
Божиновска заедно со директорот на електраната, Звонко Бошков, и претставници на раководството на ЕСМ беше во обиколка на ХЕЦ Тиквеш. При обиколката на браната, беше јасно видливо дека нивото на водата е далеку под потребното ниво. Празниот простор некогаш исполнет со вода сега сведочи за сериозноста на ситуацијата. Министерката ја нагласи итната потреба за внимателно и одговорно менаџирање со ресурсите. Сликата која ја затекнавме испраќа јасна и ИТНА порака – енергијата не е бесконечна, истакна Божиновска.
„Ова е повик за будност. Ќе вложиме максимални напори за оптимизирање на користењето на ресурсите. Ќе се занимавме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.
Тимот од хидроелектраната информираше дека освен критичната состојба со водата, стравувале и од хаварија, бидејќи доколку нивото на водата продолжи да паѓа со „влез на воздух во доводниот цевод“, може да доведе до кавитација и сериозни оштетувања на системот. Присутните истакнаа дека ова е прва посета на ресорен министер по речиси две децении, а денешниот ден им донел и поволни временските услови. Денес имало доток на вода 7 пати повеќе од претходниот период, благодарение на обилните дождови изминатото деноноќие..
„Наследив празна акумулација, со кота која е 12 метри под просечната за овој период од годината. Но денес за прв пат имаме дотоци кои по подолго време се двоцифрени. Деновиве имавме дотоци од 5 кубни метри во секунда, а само во последните 24 часа имаме дотоци од 77 кубни метри во секунда и се надеваме дека тоа ќе оди во нагорна линија и дека идното производство ќе биде во функција на зголемувањето на приходите на нашата компанија а со тоа и на подобрување на примарната и секундарната регулација која ќе овозможи постабилен енергетски систем во нашата држава“ изјави директорот на ХЕЦ Тиквеш г. Звонко Бошков,
Министерката сакаше и лично да ја види состојбата во машинската зграда која се наоѓа во подножјето на браната. ХЕЦ „Тиквеш“ произведува електрична енергија со инсталирана моќност од 113 MW и годишно производство од 144 GWh, но сега се соочува со сериозни ограничувања поради недостигот на вода.
Раководството ја информираше министерката и за идните инвестициски планови за подобрување на состојбата. Министерката изрази благодарност до тимот на ХЕЦ „Тиквеш“ за нивната посветеност во одржувањето на производството.
Работната посета на хидроелектраната „Тиквеш“ е дел од континуираните активности на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини за зајакнување на транспарентноста, ефикасноста и долгорочната стабилност на енергетскиот сектор.
Можеби ќе ве интересира
ЕВРОПА РАЗМИСЛУВА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГАСОТ: Доцна се сетија, ќе мора да платат

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ ЗА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО?! Синдикатите бараат раст на платите, работодавците промена на минималната кошницата

IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација

МОСКВА ТАЈМС: Русите од 2023 продале 70 отсто од резервите на злато

СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ: Kaде има најголемо поскапување?

ОДЛУКА ЌЕ ИМА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи

ЗАВРШИ СРЕДБАТА МЕЃУ ТРГОВЦИТЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА: Детали никој не споделува од средбата, најавуваат за подоцна

Известувањата на Фактор во случајот Телеком се засновани на информации кои се дел од јавна постапка

ПОЗНАТА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: Најмногу се заработува во овие сојузни држави и професии
