ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИЗ: „Визер“ добива конкуренција
Објавено во: Економија 04 Декември, 2024
Ниско буџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз. Според францускиот весник „Ле Еко“, летовите наскоро би требало да бидат закажани.
Од Скопје ќе се лета до аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град Париз.
Компанијата ќе се соочи со индиректна конкуренција на новата линија, имајќи предвид дека унгарската ниско буџетна компанија „Визер“ одржува летови меѓу Скопје и аеродромот Буве, што се рекламира како лет до Париз. Сепак, за разлика од Буве, кој е оддалечен 90 километри од центарот на Париз, од аеродромот „Орли“ има само 20 километри.
Минатата година „Визер“ превезол 39.918 патници од Скопје до Париз.
„Изиџет“ минатиот месец престана да лета од Женева до Скопје.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.