30 Септември, 2024
0.1545

Божиновски часовници и накит: Затоа што часовничарството е многу повеќе од продажба на часовници

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Една важна вистина во светот на часовничарството е дека брендот кој застапува врвни часовници и накит не треба само да ги продава тие производи, туку да живее со пасијата и магијата што тие брендови ја носат. Токму затоа „Божиновски часовници и накит“ никогаш не бил само обична продавница и застапник на часовници и накит, туку секогаш се обидувал енергијата од брендовите на витрините да ја пренесе до што повеќе луѓе, до локалните заедници, до сите оние кои што живеат пасионирано или пак во моментов се во потрага по својата пасија и магијата на живеењето.


Ова е и причината зошто повеќе од 20 години, секој септември, „Божиновски“ целосно се посветува на фестивалот „Браќа Манаки“. Не се работи само за поддршка на една битолска компанија на најпознатата манифестација во Битола, туку за нешто многу подлабоко – како бренд, компанијата има одговорност да емитува љубов кон традицијата и пасијата на организаторите и магијата што се случува секоја година во текот на една недела посветена на филмот и кинематографијата.


Со години наназад, преклопените креативни енергии на фестивалот креираат нови и инспиративни дела. „Божиновски“ секоја година изработува статуетката за наградата „Голема ѕвезда на македонската кинематографија,“ а оваа година го додели и јубилејниот 45-ти дијамант на „Дијамантите на светската кинематографија.“ Главната увертира на долгогодишната соработка беше изработката на ѕвездите на лауреатите на „Браќа Манаки,“ поставени на Широк Сокак, како обид да се продолжи животот на фестивалот и браќата Манаки во годините и децениите што следат.

„Божиновски“ не е само спонзор, туку активно учествува во осмислување и реализација на ОФФ програмата на фестивалот, со цел да ја пренесе филмската магија од киносалите до улиците и сокаците низ Битола.

Со оваа посветеност, „Божиновски часовници и накит“ работи со истата прецизност и љубов како врвните часовничарски брендови, придонесувајќи Битола никогаш да не излезе од механизмот на културната преродба и автентично како што и умее да продолжи да „си го тера филмот.“


*Пр објава


Можеби ќе ве интересира

Нова инвестиција на ОКТА за поефикасна контрола и гаранција на квалитетот на горивата

Нова инвестиција на ОКТА за поефикасна контрола и гаранција на квалитетот на горивата

GFF Македонија - Зајакнување на малите и средни претпријатија за одржлив раст

GFF Македонија - Зајакнување на малите и средни претпријатија за одржлив раст

Искористете ја специјалната промоција на серијата Xiaomi 14T и откријте ги врвните перформанси

Искористете ја специјалната промоција на серијата Xiaomi 14T и откријте ги врвните перформанси

Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со решенија за најдобро домашно интернет искуство

Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со решенија за најдобро домашно интернет искуство

Новиот софтверски пакет за здравје на Samsung овозможува напредок во здравствените иновации

Новиот софтверски пакет за здравје на Samsung овозможува напредок во здравствените иновации

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки