БПЦ подготена да помогне на МПЦ која страда од наметната црковна изолација
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2018 10:39
Подготвени сме да сториме сè што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија.
Во посланието се вели дека историските судбини на земјите во кои живееме во регионот денеска се различни во споредба со минатитие државни и црковни реалности. Различни општествено-политички процеси низ годините доведоа до формирање нови држави и нови помесни православни цркви, пренесува БГНЕС.
„Она што продолжува и денес да не обединува сите нас, без исклучок, е нашата православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува е светата и маченичка Православна црква. Тоа беше и причината и нашата главна побуда да ја прифатиме улогата на посредник, предложена од македонска страна, да ги преземеме неопходните и сите можни чекори и дејства пред останатите братски православни цркви за решавање на канонскиот црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметната црковна изолација”, пишува во посланието од Синодот на БПЦ.
Во текстот се додава дека дел од проблемот за статусот на Православната црква во Република Македонија е и прашањето за историската судбина на Бугарската Охридска архиепископија која постоела во минатото.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




