20 Декември, 2025
0.0461

Брак и кариера – Мажените жени побрзо напредуваат на работа

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2013 20:00

Добивај вести на Viber

Модерната жена верува дека мора да направи избор меѓу две нешта – бракот и успешната кариера, верувајќи дека двете нешта не одат заедно. Иако денешното општество им наметнува на жените дека „мораат“ да бираат меѓу кариерата и бракот, со оглед на тоа што се смета дека е невозможно да се постигнат двете нешта, истражувањата покажуваат дека тоа мислење е многу погрешно. Многу дами се одрекле од бракот и децата поради кариерата, и обратно, но најновите студии покажале дека всушност токму мажените жени се оние кои најмногу и најбрзо напредуваат во кариерата. Сепак, сведоци сме на сѐ поголем број жени кои доцна стапуваат во брак, кои во триесетите години се сами, но и оние примери кои се заколнале дека никогаш нема да стапнат на лудиот камен. Но, неодамна спроведената анкета покажала дека дамите кои се посветиле исклучиво на кариерата всушност не се среќни и исполнети, со оглед на тоа што дури 1/3 од нив признале дека радо би се вратиле во традиционалните улоги во општеството, односно улогата на мајка и сопруга. Исто така, тука се и оние смели дами кои се одлучиле на раѓање дете и самостојно одгледување, но ниту нив животот не им е целосно избалансиран, со оглед на тоа што обврската на двајца родители е сведена само врз еден родител, што во потполност го оневозможува напредувањето во работата. Од друга страна, има и жени кои се одлучиле да стапат во брачна заедница и кои покрај себе го имаат човекот на нивниот живот, имаат деца, но и успешна кариера. Се прашувате ли зошто? Затоа што сѐ е полесно кога се работи во пар. Делејќи ја тагата, среќата и обврските со некој, го правите вашиот живот исполнет, и станувате посилни за новите животни и професионални победи. Ова го потврдиле и амерканските експерти кои дошле до сознанието дека мажените жени заработуваат четири проценти повеќе од нивните слободни колешки. Затоа, ако сакате да бидете среќни и задоволни со вашиот приватен и деловен живот, планирајте и да најдете личност со која ќе ги делите ноќите и деновите. Така успехот ќе ви биде загарантиран!

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии