Бранимир Јовановиќ го искоментира поскапувањето на струјата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 31 Јули, 2020
Бранимир Јовановиќ, екс советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски на Фејсбук го искоментира поскапувањето на струјата.
Тој направи споредба како другите земји се справиле со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, напиша Јовановиќ.
Цената на електричната енергија на сметките на домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 проценти од септември годинава, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски откако ја донеле конечната одлука за поскапувањето.
Електричната енергија ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за евтина тарифа.
Граѓаните и понатаму ќе имаат евтина тарифа која останува во пресметката во часовите како и досега.
Неодамна и во соседна Србија имаше одлука за поскапување на струјата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.