Бранимир Несторовиќ oбјави која возрасна група најчесто страда од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 29 Октомври, 2020
Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ кој го напушти Кризниот штаб на Србија пред неколку часа објави графикон на Фејсбук, кој ја покажува вистинската смртност од коронавирусот.
Извор на податоци е Американскиот центар за контрола и превенција на болести, а според нивните податоци, смртноста од Ковид кај возрасна група до 19 години е само 0,00003 проценти.
Нешто поголема смртност од корона има кај популацијата на возраст од 20 до 49 години, каде што смртноста е 0,0002 отсто.
Во возрасната група помеѓу 50 и 69 години, стапката на смртност се зголемува на 0,005 проценти, а највисока е кај постарите од 70 години, поточно 0,054 проценти.
Европа уште еднаш има голем проблем со пандемијата, бројот на заразени расте, владите воведуваат нови блокади, економиите се затвораат.Во Србија во последните 24 часа се потврдени 1.384 нови случаи на коронавирусот и шест починати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.