Бранислав Тиодоровиќ тврди дека пикот на епидемијата допрва доаѓа
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Октомври, 2020
Пикот на епидемијата на коронавирус се очекува во ноември и декември.
Ова го тврди српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, д-р Бранислав Тиодоровиќ.
Вели дека ниедна држава не е пуст остров, и дека сме посебно во регионот, сите поврзани и се потпираме едни на други.
„Овој дел од Европа влезе во осмиот месец од епидемијата, што предизвика и сериозен премор на здравствениот систем, кој се наоѓа на работ на издржливоста“, вели Тиодоровиќ.
Тој додаде дека практично истите мерки се спроведуваат во Европа и дека многу држави воведуваат и носење маски на отворено.
Ова важи и за Србија.Според последните информации во земјата има 512 нови случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице починало. Во последните 24 часа се тестирани 7.425 лица. На респираторни машини се приклучени 27 пациенти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.