18 Јануари, 2025
0.0269

БРАТОТ И ВОЈВОДАТА: Заедно ќе го рушат Груевски, или ќе бидат во различни ровови?

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ќе се повтори ли историјата, братот и војводата повторно да бидат заедно. На повидок е разгорување на „љубовта“ меѓу Љубе Бошкоски и Љубчо Георгиевски. Тие најавија заеднички настап на изборите на 11 декември со заеднички листи во опозицискиот блок. Оваа коалиција која начелно ја договориле двајцата лидери на Обединети за Македонија и ВМРО-НП, пред да се официјализира треба уште да помине низ партиските органи, за што има променливо расположение. Дел влечат кон ВМРО-ДПМНЕ, дел кон десничарската опозиција.

ВМРО во срцето, но не и ДПМНЕ

Бошкоски и Георгиевски заедничката соработка ја започнаа како сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ, а денес е можно да ја продолжат секој со својата партија. Брат Љубе  по парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љубчо Георгиевски, беше именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК).

Во тој период, заедно со поранешниот директор за јавна безбедност, Пане Велев, извршија серија спектакуларни упади во фирми кои резултираа со околу 200 кривични пријави.Но, Георгиевски не беше строг кон Бошкоски, напротив по оставката на Доста Димовска во 2001 тој беше назначен за министер за внатрешни работи и беше на чело на МВР за време на воениот конфликт.

Заедно со тогашниот премиер Георгиевски ја минаа војната, а  остана заедно и потоа кога ВМРО-ДПМНЕ изгуби на парламентарните избори во 2002. Бошкоски кариерата ја продолжи како пратеник, но две години потоа почнаа да го прогонуваат кошмари од минатото. Како осомничен за поттикнување убиство во случајот Раштански лозја во кој беа убиени шест пакистански и еден индиски државјанин му беше одземен имунитетот. На товар му се стави и Љуботен и убиството за 10 цивили, за што по барање на судот во Хаг беше однесен во затворот Шевенинген.

Во 2004 почнуваат и неволјите за Георгиевски, кога тој по несогласувања со новиот лидер Никола Груевски, ја напушта ВМРО-ДПМНЕ и ја формира ВМРО-Народна партија. И додека Бошкоски е во затворот во Шевенинген, во 2006 година, Георгиевски доби бугарско државјанство. Но, не го заборави Братот, па во архивите може да се најдат текстови дека на 45. роденден на Бошкоски додека тој е во Хаг, ВМРО-Народна му организирала роденден во Скопје, а роденденските свеќички ги дувнал Георгиевски.

Брат Љубе се врати во Македонија, но не и во ВМРО-ДПМНЕ

По четири години минати во занданата во Хаг, Трибуналот во 2008 година го ослободи Бошкоски од обвинение и тој се врати во Македонија. Незаборавни се сцените кога тој слезе од авионот, ја бакна земјата, а потоа се изгушка со тогашниот премиер Никола Груевски кој му организираше „кралски“ дочек.

Бошкоски имаше првична намера повторно да се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, но не најде заеднички јазик со Груевски, по што се дистанцираше од партијата. На Претседателските избори во 2009 година тој се кандидараше како независен кандидат и освои 146.878 гласови. По изборите на 29 мај 2009 година, ја формираше своја партија „Обединети за Македонија“.

На парламентарните избори во 2011 година и Бошкоски и Георгиевски настапија со своите партии, но излегоа губитници и не успеаја да влезат во Собранието. Еден ден по изборите, Бошкоски беше уапсен пред ресторанот „Воденица“ и беше обвинет, па осуден за случајот „Кампања“ за што во Идризово одлежа 5 години затвор. Во меѓувреме Георгиевски се повлече од политичката сцена и ја напиша својата автобиографска книга „Тоа сум јас“, во која говори за својот личен живот и политичка кариера.

Нови избори, нови флертови

Георгиевски сега е на крстопат. Груевски му намигнува, Бошкоски му праќа ишарети. Во наредните денови ќе се знае кој пат ќе го фати. Дали ќе ја прифати примамливата понуда од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ која му ветува министерски и директорски места или пак онаа на Обединети за Македонија и Достоинство кои ќе се обидат да го победат Груевски. Избори и се е можно.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?