Братоубство со секира во Крушевско
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
Свирепо братоубиство го потресе Крушевско Алданци.
30 дена притвор доби едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство и Убиство во обид.
Како што соопштија од ОЈО осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.
Веднаш по извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле.
Детето е вон животна опасност а лекарска помош му е укаќана во прилепската болница.