17 Јануари, 2025
0.0275

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска рече дека барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сојузниците во НАТО да потрошат 5 отсто на годишно ниво од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана од денешен аспект изгледа невозможно, но дека ќе се направи обид издатокот да достигне 3 проценти.

Барањето од 5 отсто е огромно зголемување од ветувањето од 2 проценти за кое се согласија сојузниците на НАТО, иако се покажа проблематично за неколку европски нации. Тоа е, исто така, дури и многу повеќе од 4-те проценти што ги бараше Трамп за време на првиот мандат како претседател. На самитот на НАТО во Вашингтон минатата година, воената алијанса откри дека најмалку две третини од нејзините членки потрошиле 2 проценти или повеќе за одбрана оваа година, а само Полска ја пречекорила и границата од 4 проценти.

- Тоа е сериозна сума од 5 проценти. Многу влади би имале проблем да стигнат до 5 проценти, но она што се разговараше на последните состаноци на НАТО, на кои и јас присуствував на еден од нив, како и на НАТО-самитото во Вашинготн, беше кажано да се стигне над 3 проценти. Во овој момент е тешко и над 3 проценти да се стигне во која било земја. Нашата задача да вложуваме над 2 проценти од БДП и над 20 отсто од средствата за одбрана да бидат за модернизација ние ја исполнуваме, но ова ќе биде сериозен чекор. Јас знам дека во вакви времиња. на вакво тло,се бараат инвестирања постојано во дополнителна опрема и буџетот мора да расте.Сепак, да видиме дали некоја земја ќе го достигне овој процент. Ова сигурно ќе биде една од главните теми на првиот самит на НАТО на кој ќе присуствува Трамп во јуни-јули, рече Мисајловски во емисијата на „Слободен печат“.

Сепак се насетуваше дека европските членки на НАТО ќе мора да посегнат подлабоко во џебот за да ја оживеат слабата индустриска гранка за одбраната и да се спротивстават на потенцијална закана од Русија. Сепак, според експертите, зголемувањето на издатоците за одбрана на 5% се чини невозможно во актуелната економска ситуација, дури и за релативно побогатите нации.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати