17 Јануари, 2025
0.2475

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во селото Славеј, Прилепско, животот го загубија две новороденчиња близначиња на возраст од околу 20 дена. Според информациите од јавниот обвинител Стевчо Биноски, семејството кое живее во многу тешки услови побарало помош од Итната медицинска служба вчера околу пладне.

При пристигнувањето на терен, медицинскиот тим утврдил дека едното бебе веќе починало, додека другото, во критична состојба, било пренесено во прилепската болница, каде што за жал подоцна починало.

„Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп,“ изјави Биноски.

Денеска во 12 часот е закажана прес конференција во Центарот за социјални работи, каде ќе бидат соопштени повеќе детали за овој трагичен случај.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати