Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025 12:25
Прилепската болница денеска информира дека бебињата близнаци, кои вчера починаа а беа стари само 20 дена, биле пронајдени премрзнати. Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција.
„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1970 грама, а второто, женско, со тежина од 1780 грама. На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата. На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина“, се наведува во соопштението од болницата.
Во селото Славеј, Прилепско, животот го загубија две новороденчиња близначиња на возраст од околу 20 дена. Според информациите од јавниот обвинител Стевчо Биноски, семејството кое живее во многу тешки услови побарало помош од Итната медицинска служба вчера околу пладне.
При пристигнувањето на терен, медицинскиот тим утврдил дека едното бебе веќе починало, додека другото, во критична состојба, било пренесено во прилепската болница, каде што за жал подоцна починало.
Денеска напладне беше закажана прес конференција во Центарот за социјални работи, каде ќе бидат соопштени повеќе детали за овој трагичен случај.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




