17 Декември, 2025
0.0611

Браунфилд инвестиции: 400 стари капацитети им се нудат на инвеститорите

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2013 19:52

Добивај вести на Viber

Повеќе од  400 фабрики, хотели, оранжерии, дел од нив се во државна,  други во приватна сопственост ќе се нудат на потенцијалните инвеститори како можни локации за браунфилд инвестиции. Како што посочија владините претставници, станува збор за објекти кои се во стечај или долго време не работат. Листата на вакви комплекси е готова, деновиве ќе биде објавена на Интернет, а на инвестиротите ќе им се понудат капацитетите како фабриката за акумулатори Пробиштип, „Јака табак“ од Радовиш, „Фротирка“ - Делчево, „Македонка“ - Штип, „Македонија“ - Неготино, „Хемтекс“, „Отекс“, ЕМО, хотел „Македонија“- Берово, одморалиштете во Стар Дојран, „Леснина“, „Бујото“ и голем број други некогаш големи компании. Инвеститорите ќе имаат можност да ги реновираат или од почеток да ги изградат објектите, а дозволено ќе им биде и да ја променат постоечката дејност. „Владата на Република Македонија има стратешка определба за привлекување на инвестиции со цел обезбедување на услови за економски раст и развој, отворање на нови работни места и вработување на граѓаните. Во оваа насока, значајно внимание се насочува кон реализацијата на инвестиции од почетна основа (green field инвестиции), но и на реализација на инвестиции со искористување на веќе постоечки капацитети преку процес на нивно рестартирање, рекомпонирање, искористување на дел или пак на целиот постоечки ресурс (brown fieldинвестиции)“, велат од Влада. Оттаму информираат дека станува збор за  400 компании кои располагаат со објекти во површина над 1 700 000 метри квадратни простор, или ако се земе вкупната површина која е содржана на листата, во која покрај објектите спаѓаат и дворовите, земјоделски површини поврзани со процесот на производство, градежните земјишта и слично, тогаш вкупната површина на простор изнесува над 4 500 000 метри квадратни.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега