Бразилскиот сој на коронавирусот пристигна во Грција
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Јуни, 2021 16:47
Бразилскиот сој на коронавирусот пристигна кај јужниот сосед. Нема информации за тоа како овој сој пристигнал во Грција.
Прв случај на бразилската мутација P.1.2 (VOC-21JAN-02) е потврдена во Грција, а како што објавија грчките медиуми случајот е регистриран кај маж во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција, секој четврток ги вклучува и резултатите поврзани со потврдените мутации. Последните податоци покажуваат дека од 1.567 анализирани позитивни случаи во периодот од 15 април до 27 мај 2021 година, најголемиот дел, 1.112 се однесуваат на британскиот сој, пет се од јужноафриканскиот, три од индискиот сој и еден е од бразилскиот. Паралелно 345 позитивни примероци се во групата мутации кои се под надзор. Бразилскиот сој мутира и има потенцијал да стане уште поопасен. Освен бразилскиот, страв влева и индскиот сој на коронавирусот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





