Бразилскиот сој стигна на Балканот, откриен е во Словенија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Март, 2021
Бразилскиот сој на коронавирусот стигна на Балканот, а откриен е во Словенија.
Тој е регистриран кај едно семејство во градот Марибор. Инфекција со тој вирус е потврдена кај три лица од една фамилија. Ова на прес-конференција го соопшти инфектологот Мареја Логар, кој го води стручниот совет за ковид-19 на Министерството за здравство.
„Се надевам дека увезениот случај без големо ширење, а зараза со тој сој не сме утврдиле кај други лица“, вели Логар.
Се претпоставува дека едниот член на фамилијата се заразил на работното место, а работи во фирма која комуницира со странски клиенти. Тој е хоспитализиран, додека другите два члена на семејството се во домашна изолација. Досега во земјата има и британски и јужноафрикански сој. Се смета дека јужноафриканскиот сој е поопасен, и дека вакцините на него не делуваат.
Кафулињата и рестораните во два региона, во Посавје и на југоисток од Словенија, од денес ќе можат да работат нормално во пробен период што ќе трае седум дена. Словенија е во портокалово ниво на ограничувачки мерки. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.