06 Октомври, 2024
0.0295

Брегу: РСС очекува отворање на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија годинава

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

„Ние во Регионалниот совет за соработка (РСС) искрено се радуваме на охрабрувањата што доаѓаат од Европската унија и очекуваме преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени оваа година“ - изјави Генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу на средбата со министрите за надворешни работи на Западен Балкан во Њујорк.

Од друга страна, додаде Брегу, регионот треба да ја покаже својата насоченост кон европскиот пат и политичка волја за решавање на нерешените билатерални прашања кои влијаат на целиот регион и создаваат негативна слика за Западен Балкан.

Ваквиот став на РСС и на Брегу го потврдија и од Брисел.  Мачеј Поповски, заменик генерален директор во Генералната дирекција ЕК за политиката на соседство и преговори за проширување и директорката за Западен Балкан при истата дирекција Џеновева Руиз Калавера, на состанокот повторија дека отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија е во најдобар интерес на цела Европа, бидејќи без интеграција на целиот Балкан нема стабилна и сигурна Европа.

Состанокот, како што соопшти синоќа РСС, го организирале на маргините на 74-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации, а на него за отворањето на преговори се заложиле сите учесници од Западен Балкан, укажувајќи дека тоа би било важно не само за тие земји туку и за регионот во целина. Се разговарало и за досегашните постигнати успеси во процесот на регионалната соработка како и за продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што би довелo до нормализација на нивните односи.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил