БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ВО МНОГУ ПРИВАТНИ ФИРМИ И ДОСЕГА ОДЕА НА РАБОТА: Ќе се вратат ли оние трудници вработени во администрацијата?
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2022 07:51
Државата за
некого мајка, за некого маќеа, вака велат согоговорничките на Фактор кои за
некој месец го очекуваат нивното второ дете. По вчерашната одлука на Комисијата
за заразани болести за препорака за укинување на мерката ослободување од работа
на бремените жени, една од соговорничките на Фактор, вработена во скопска приватна
компанија се сомнева дека голем дел од трудниците кои се во државните
институции ќе се вратат на работа.
-Оваа мерка едноставно не важеше за нашите газди. Секоја чест на исклучоците, бидејќи има и приватни фирми каде што трудниците од почетокот останаа дома за да се заштитат од корона вирусот. Но, јас конкретно, во најкритичниот период од бременоста, првото тромесечие, морав да одам на работа, и секако и сега морам да одам на работа. Законски не може да добијам отказ, но за да се поштедам од нервози и расправии, продолжив да одам на работа, без разлика што одлуката на Владата бремените жени во време на пандемијата треба да бидат ослободени од работа. Државата едноставно нема механизам како да им нареди на приватните газди да ги почитуваат одлуките на Владата и тоа не само за нас. Ист беше случајот и со мајките на деца до 10 години, со хроничните болни. Едните, вработени во администрацијата, не знаат каде им се работните места, и уште не знаат. Другите, вработени во приватните фирми, немаат слободен ден. Ниту една мерка донесена од Владата не се испочитува. А сега, иако Комисијата за заразни болести даде ваква препорака, навистина се сомневам дека голем дел од трудниците ќе се вратат на работа, вели соговорничката на Фактор.
И другата трудница за Фактор го дели истото мислење, а посебно се согласува со апелот и трудниците да се вакцинираат, споделувајќи го нејзиното искуство.
-Па време беше Владата да почне да ги враќа вработените на работните места. Ние во приватниот сектор важно го полниме буџетот, а тие седат дома и земаат редовни плати. Нека се заштитат и нека почнат да одат на работа, крајно време е. Воопшто не ми беше сеедно дали да ја примам вакцината против корона вирусот или не. Мислам дека направив „милион“ консултации и се вакцинирав. Помина се во најдобар ред, не се заразив, но мора да признаам дека навистина се пазам. Социјалниот живот ми е сведен на минимум. Од друга страна, пак, еве мои познанички, сосетки, вработени во државните институции, ослободени од работа, во текот на денот се во трговските молови, на родендени, на прослави....јас сето тоа не го видов сиот овој изминат период. Така што навистина сметам дека треба да се вратат на работа, вели таа.
Инаку, одлуката за препораката за укинување на оваа мерка Комисијата за заразни болести ја онесе на вчерашниот редовен состанок. Портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ, истакна дека нивната препорака е во консултација со релевантни институции и согласно светските искуства.
– Бремените жени како приоритет треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата
за да го заштитат своето здравје, зошто бременоста е дополнителен ризик. Релевантните
институции препорачуваат да има вакцинација особено на бремените жени да се
превенира нивното здравје. Треба да се минимизира разикот на работното место за
бремените и да бидат максимално заштитени. Од тој аспект беше разгледувано за
воведување на ваквата мерка, но тоа не е дефинитивна одлука, туку препорака до
министерот за здравство, изјави д-р
Мехмедовиќ.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




