Брендови: Американско, а светско !
Објавено во: Свет 06 Јануари, 2013 10:00
Бадвајзер, најпознатото американско пиво, секако дека сеуште се произведува во САД, меѓутоа сопственикот на компанијата Ин Бев, бразилко-белгиска компанија. Ајнхаузер Буш се викаше порано производителот на Бад, денеска компанијата има име – Ајнхаузер Ин Бев. Типичен пример за глобализациска промена.
Good Humor, да не го преведуваме како Добар Хумор е компанија која произведува сладоледи од 1920 година. Нивните сладоледи ги пробале оние кои прошетале малку подалеку кај нас за жал ги нема. Веќе подолго време нивни сопственик е Унилевер, добропозната компанија и кај нас.
Севен Елевен, најпознатиот синџир на продавници. И да не сме биле во САД ги знаеме од филмовите. Имаат неверојатни 7.000 продавници. Интересно е што во Јапонија има 14.000 такви продавници и токму во Јапонија се наоѓаат сопствениците на овој бренд.
Добрознатата компанија за производство за гуми е формирана далечната 1990 година во САД во Охајо. Не знаеме дали знаете, меѓутоа Фајрстоун повеќе од 20 години е во сопствеништво на Бриџстоун кој е од Јапонија.
Еден од најголемите споменици на Њујорк е зградата Крајслер, која ја гледате на сликата. Инаку оваа зграда е трета најголема во големото јаболко. Доколку не сте знаеле сопствениците доаѓаат од Дубаи и имаат 90% сопствеништво на зградата.
Редакција Фактор
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




