Брентон Тарант, убиецот на 51 муслиман во Нов Зеланд, осуден доживотно
Објавено во: Свет 27 Август, 2020 08:28
Напаѓачот на џамиите во Крајстчрч, Брентон Тарант, е осуден на доживотен затвор, без можност за условна казна за убиството на 51 муслимански верник во 2019 година во Нов Зеланд.
Судијата Камерон Мандер рече дека зад „изопачената“ идеологија на Тарант се наоѓа „силна омраза“ што го натерало да ги нападне мажите, жените и децата кои не можеле да се одбранат.
„Задачата на судот е решително да го потисне ова зло од омраза“, рече судијата Мандер, наметнувајќи ја казната, прва од ваков вид во судската пракса во Нов Зеланд.
Истакнувајќи дека муслиманската заедница во Нов Зеланд платила висока цена, тој рече дека сторителот на ужасниот масакр сепак не успеал да ја промовира идеологијата на екстремната десница.
„Бевте суров и безмилосен. Вашиот чин беше нехуман “, рече судијата.
На 15 март 2019 година, австралискиот бел расист Брентон Тарант ладнокрвно уби 51 верници во две џамии во тој град на Нов Зеланд во молитва во петокот, предизвикувајќи бран на осуда ширум светот.
Тој беше прогласен за виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиства и терористички напад, откако се изјасни за виновен во март.
Главниот обвинител Марк Зарифех оцени дека ваков масакр „не се памети во историјата на злосторствата во Нов Зеланд“.
„Ова е несомнено најлошото убиство во Нов Зеланд, мотивирано од цврсто вкоренета расистичка и ксенофобична идеологија“, рече тој.
Доживотен затвор е „единствената соодветна казна“ за Тарант, заклучи Зарифех.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




