16 Декември, 2025
0.0638

БРИКС ќе си формира нова банка, противтежа на Светска банка и ММФ!

Објавено во: Свет 16 Јули, 2014 13:26

Добивај вести на Viber

Со резервен фонд од 100 милијарди долари, организацијата БРИКС која ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, си формираше нова банка за развој, како противтежа на западниот финансиски систем. На состанокот на лидерите на овие земји во Бразил било дговорено банката да е со седиште во Шангај, а првиот претседател да биде од Индија. Банката, која ќе работи под името Нова банка за развој, е замислена како пандан на Светска банка и ММФ, глобалните финансиски институции кои се под доминација на САД и ЕУ. Со резервниот фонд од 100 милијарди долари е предвидено банката да им помага на земјите да се справуваат со краткорочните проблеми со ликвидност. Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се обединија во групата БРИКС во 2009 година. Од тогаш нивното влијание во светската економија е значително зголемено и во моментот тоа се земји во кои живее половината од светското население и кои произведуваат околу една петина од вкупниот глобален производ.  

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“