16 Декември, 2025
0.0461

Брисел го менува текот на „Јужен тек”?

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2014 09:59

Добивај вести на Viber

Во петок (17 јануари) комесарот за енергетика Гинтер Јотингер ќе замине за Москва, каде ќе се сретне со министерот за енергетика Александар Новак. Отингер ќе го извести за потребата од  преговори за условите околу "Јужен поток". Ова вчера го соопшти портпаролот на ЕК Сабине Бергер за време на брифинг во Брисел. Таа додаде дека шесте држави, низ чии територии  ќе минува гасоводот, побарале од ЕК да се одржат преговори со руската страна, така што проектот да биде доведен во склад со европските правила. Бергер одби да одговори на прашањето дали Гинтер Отингер има мандат од ЕК за преговори со Москва. Потсетуваме дека постојаниот претставник на Русија во Брисел Владимир Чижков изјави дека Русија нема да води нови преговори за веќе потпишани договори, и покрај изјавите на ЕК дека нема да дозволи пуштање во употреба на гасоводот. "Јужен поток"го  нарушува европското законодавство во три точки и има потреба од специјална дозвола од страна на ЕК, за да може да функционира, најави пред еден месец комисијата. Ова одобрение може да биде постигнато само со нови преговори, овој пат на ниво на ЕУ - Русија, а не билатерални со одделни земји по трасата. Македонија има свое место во проектот, а според министерот за финансии Зоран Ставрески реализацијата на „Јужен поток“ ќе продолжи така како што е најавено. Тој упати и повик до Брисел и Москва, да отворат директен дијалог за решавање на сите прашања кои, како што изјави, Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството