16 Декември, 2025
0.0267

Брисел призна дека не може да ја исклучи Грција од еврозоната

Објавено во: Балкан, Економија 10 Април, 2015 18:37

Добивај вести на Viber

Правни механизами за исклучување на Грција од еврозоната не постојат, соопштија од прес-службата на Европската комисија.

Брисел го објави ова поради пишувањата во европски медиуми дека е можно Грција да биде исклучена од еврозоната, ако се објави дека не може да ги исплатат финансиските обврски за одобрените кредити.

Британскиот весник „Тајмс“ пишува дека земјите-членки на ЕУ готват план за исклучување на Грција од еврозоната, ако Атина прогласи банкрот во мај. Според весникот сличен план бил опишан во документот подготвен од Министерството за финансии на Финска во соработка со Германија.

„Со премолчена согласност на останатите земји од еврозоната започнат е процес кој може да заврши со исклучувањето на Грција од еврозоната“, пишува во цитатот во весникот „Тајмс“ документ со датум 27 март.

„Правен механизам за исклучување на Грција од еврозоната не постои. ЕК раководи со активностите на повеќе аранжмани меѓу Атина и меѓународните кредитори на основа на новата програма за реформи за продолжување на меѓународната финансиска помош за земјата“, соопштија од ЕК.

82% од Грците сакаат нивната земја да остане во еврозоната, покажуваат податоците од социолошкото истражување направено од агенцијата „Metron Analysis“ и цитирано од eлектронното издание „GRReporter“. Само 14 отсто од анкетираните се со мислење дека враќањето на драхмата ќе ја подобри економската состојба на Грција.

4% од учесниците во анкетата одбиле да одговорат. Истражувањето е направено во првите денови на април.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството