30 Септември, 2024
0.0370

Конечен одговор за преговори со ЕУ, Македонија очекува утре

Објавено во: Македонија 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата Ројтерс денеска има увид во нацрт-одлуката на земјите членки на Европската унија, според која, може да се започне со разговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Според наводите на Ројтерс, ако се одобри старт на преговорите, двегодишните одложувања конечно завршуваат, а истовремено, тоа е и поттик за сите шест земји од Западен Балкан - Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Северна Македонија – кои го имаат зацртано патот на евроинтеграциите.

Нацрт-одлуката, прво треба да биде потврдена во текот на утрешниот ден од страна на министрите за Европа и за надворешни работи на ГАК, а потоа и претстојниот самит на лидерите на земјите од Унијата кој треба да се одржи на 26 март преку видео конференција. Забелешките кои изминатот месец доаѓаа од Париз и Хаг, се ублажени, па плановите за почеток на преговорите се засилија и покрај сериозната ситуација со коронавирусот. Брисел сака да ја покаже својата решеност да го донесе Балканот во Европската Унија, пишува Ројтерс.

-Наспроти надежите на Северна Македонија и Албанија, минатата година Франција и Холандија демонстрираа скептицизам во врска со постигнувањата на овие две земји во делот на демократијата и борбата против корупцијата плашејќи се да дозволат нови членки во време кога кохезијата на ЕУ веќе беше оштетена со заминувањето на Велика Британија, наведува денеска агенцијата Ројтерс.

Агенцијата додава и дека доколку ниту една земја не е против нацрт-одлуката, тогаш се очекува министрите на сите земји членки на Унијата и официјално да ја донесат одлуката кон средината на неделава, но овој пат писмено, зошто нема непосредни состаноци. 


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО