20 Декември, 2025
0.0648

Британија ќе ги поттикне пушачите да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2023 11:53

Добивај вести на Viber

Дури милион пушачи ќе бидат поттикнати да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди, додека на бремените жени ќе им бидат понудени финансиски стимулации да ја направат оваа замена, што ќе биде прв пат во светот, објави вчера британската влада.

Врз основа на оваа програма, речиси секој петти пушач ќе добие основна опрема за користење на овие уреди, како и поддршка за престанок со пушењето, соопшти Министерството за здравство.

На бремените жени ќе им бидат понудени ваучери како дел од целта на владата да го намали бројот на пушачи на 5% или помалку од популацијата во однос на сегашните 13%.

„Дури двајца од тројца редовни пушачи ќе умрат од пушење. Цигарите се единствениот производ на пазарот, кој ќе ве убие ако се користи правилно“, изјави министерот за здравство Нил О'Брајан.

„За еден милион пушачи ќе понудиме нов начин за да им помогнеме да престанат да пушат. Ќе финансираме нова национална програма за замена - прва од ваков вид во светот“.

Иако просечните стапки на пушење во светот се повисоки отколку во Велика Британија, тутунот и натаму е водечка превентабилна причина за смрт и болести во земјата, објави министерството.

Во текот на 2021 и 2022 година, владата потроши 68 милиони фунти (84,52 милиони американски долари) за мерките на локалната власт насочени на престанок на пушењето, што доведе до тоа 100.000 пушачи да престанат да пушат, како и на полесно функционирање на преоптоварената Национална здравствена служба во Британија.

Сепак, електронските уреди со испарување имаат свои критичари и здравствените власти предупредија на нивнаа популарност меѓу децата, која ги изложува на хемикалии чии долгорочни ефекти се нејасни.

Бројките на здравствените служби покажуваат дека 9 проценти од децатана 11-15-годишна возраст во Британија користеле електронски цигари во 2021 година, што е пораст во однос на 6% три години порано. Владата соопшти дека ќе формира специјален оддел, кој ќе има на располагањетри милиони фунти и ќе работи на спречување на нелегалната продажба на вакви уреди на помладите од 18 години.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии