19 Декември, 2025
0.0345

БРНАБИЌ СО ЕКСПЕРТСКА ПОДДРШКА ОД ТЕТКА: „Литиумот е безопасен, знам малку хемија“

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2024 12:26

Добивај вести на Viber

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ уште еднаш се обиде да ја смири јавноста и да ја убеди дека нема ништо опасно во отворањето на рудник за литиум, бидејќи, како што наведуваат српските медиуми, така и кажала нејзината тетка, физикохемичар, а таа самата го знае периодниот систем на елементите...

„Јас лично не сум загрижена. За среќа, имам луѓе во моето семејство кои навистина знаат многу за тоа. Мојата сопствена тетка, сестрата на мојот покоен татко е физички хемичар. Таа цел живот работеше во таа професија, работеше на Институтот, па имам некој кому бескрајно му верувам, односно некој што ми е најблизок на светот и некој кој може да ми објасни од експертска перспектива“, рече Брнабиќ и продолжи:

„Истовремено одев во гимназија, природно-математичка. Да бидам целосно искрена, не бев многу добра по хемија, но разбирам малку од таа наука. Знам што е периодниот систем на елементи и знам како се распоредени елементите во таа периодична табела. Знам каде е литиумот, знам каде се некои други елементи. А знам колку е опасен литиумот, односно не е. И колку се опасни некои други елементи, како што се олово или цинк или кадмиум. И знам што правевме во поранешна СФРЈ, а што правиме денес. Знам што правиме денес во Србија безбедно, со технолошки процеси стари со децении, тестирани и колку се сложени во споредба со она за што зборуваме. Така што не сум загрижена“, изјави Брнабиќ.

ФОТО: EPA-EFE/Olivier Matthys

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен