БРНАБИЌ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО СРБИЈА: Очигледно е дека парламентарната опозиција нема легитимитет
Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2025 10:42
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска оцени дека одржувањето на нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата бидејќи, како што наведе, „очигледно е дека парламентарната опозиција нема легитимитет“.
Таа на ТВ Хепи рече дека парламентарната опозиција повеќе не претставува никого, дека тоа е огромен проблем, наведувајќи дека, од друга страна, прашање е дали нешто би решиле со избори.
Брнабиќ изјави и дека привремената влада, која дел од опозицијата ја предлага како решение за излез од кризата, треба да се нарече „телепортска влада“ бидејќи ќе служи како „машина за телепортирање на опозицијата на министерски позиции“.
-Тоа би послужило да се телепортираат на власт бидејќи нема друг начин да дојдат на тие позиции. Срамота е што за ова зборува Милош Јовановиќ кој има два отсто поддршка од народот, сите се гледаат себеси на некои министерски позиции, рече таа.
Коментирајќи ги студентските блокади на факултетите, таа рече дека има многу негодувања кон ректорите и деканите и оти смета дека секој треба да си го одржи јавно дадениот збор.
-Цела Србија од ректорот на белградскиот универзитет на собраниската комисија слушна дека состојбата не е катастрофална за стотици илјади студентски семејства, затоа што има план, во овие осум дена никој не го видел планот. Време е да престанеме да ги делиме луѓето и да ги делиме студентите, секое насилство треба да се осуди од сите страни, додаде таа.
Зборувајќи за оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ, таа рече дека тој чин е чесен и одговорен. „Тоа што го направи е невообичаен чин во демократските земји“, рече претседателката на Собранието.
-Тешко дека по оваа влада некогаш ќе видиме повторување на времето што го имавме пред 2012 година, кога немаше политичка одговорност. Сега имаме примери на кои сите ќе се повикуваат, додаде Брнабиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!





