Бродови со имигранти продолжуваат да пристигнуваат во Грција
Објавено во: Балкан 21 Март, 2016
Бродови со имигранти продолжуваат да пристигнуваат во Грција, иако влезе во сила договорот помеѓу Европската унија и Турција за ограничување на бегалските текови.
Денес ферибот со околу 1.500 мигранти пристигнал на пристаништето во Елевсина, западно од Атина.
Грчките власти сега ги распределенија мигрантите во привремени центри во копното на земјата.
На островот Лезбос веќе пристигна група турски официјални претставници, кои ќе помагаат за спроведување на потпишаниот договор со Брисел .
Истиот предвидува од 1 април илегалните мигранти да бидат вратени во Турција, откако ќе бидат регистрирани и нивните апликации за азил ќе бидат разгледани.
До овој датум Атина треба да воведе систем за брза обработка на документите.