ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2024 15:35
Според српскиот вицепремиер, Александар Вулин, „Голема Албанија“ можат да ја спречат само Србите и Грците.
„Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина. Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина“, изјави Вулин.
Вели дека признавањето на Косово и приемот на Приштина во Советот на Европа, би бил неизмерен придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на `голема Албанија`.
„Голема Албанија` можат да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците, драги наши Грци, размислете за тоа“, рече Вулин.
Тој го коментираше албанскиот имиграциски состанок кој се одржа во Атина, на кој се обрати албанскиот премиер Еди Рама и покрај противењето на Грците.
Грчкиот весник Катимерини наведува дека овој настан разгорува нови тензии во односите меѓу Грција и Албанија. Медиумот потсетува дека Рама пред собирот порачал дека „Грција е демократска земја“ која „не можела да спречи еден лидер да дојде во приватна посета и да им се обрати на сонародниците“. Рама по Атина ќе ја продолжи турнејата по албанската дијаспора и на 26-ти мај ќе отпатува во Милано. Таму ќе се состане со сонародниците кои живеат во тој град на северот на Италија, а после тоа на 2-ри јуни ќе отпатува во британската престолнина Лондон, додека за 25-ти јуни е планирана посета на Рама на германски Дизелдорф.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




