Бројката на овци паѓа, одгледувачите бараат помош од државата
Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2013 20:20
На осмата Регионална манифестација „Ден на одгледувачите на овци Маврово – Ростуше“, која веќе традиционално се одржува овој период од годината, овчарите побараа покрај субвенциите од државата, да се поттикне и поголема иницијатива кај приватниот сектор за одгледување овци. Тие посочија дека овчарството е еден од најперспективните сектори во земјава, а укажаа и на потребата од поголем развој на секторот.
Како што се пофали заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, државата редовно ги ја исплаќа помошта за овој сектор.
„Субвенциите за овчарството и воопшто, за сите други мерки, не доцнат и се исплаќаат во законски утврден рок. Не можеме да гарантираме стабилен откуп на јагнето, но со различни активности придонесуваме за развој на овчарството“, посочи Коњановски.
Сепак, сточарите забележаа дека бројот на овците во Македонија е значително намален, од 2 милона на едвај половина милион колку што е проценката во моментов. Тие велат дека бројката ќе порасне само ако се интервенира во откупот на јагнешкото месо и во цената на храната.
Како дел од манифестацијата се одржа натпревар во молзење и стрижење на овци, изложба на автохтони колекции на овци, демонстрација на машинско молзење и стрижење овци, како и изложба на кучиња „шарпланинци“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





