17 Декември, 2025
0.0554

Бројки и апсурди на економијата: Над 126 илјади невработени не сакале да работат?!

Објавено во: Економија 19 Јули, 2013 07:49

Добивај вести на Viber

Преполувањето на бројот на невработени, за што вчера пишуваше Фактор, Агенцијата за вработување го правда со “огромниот број на пасивни баратели на работа“. Над 126 илјади лица кои се водеа како невработени не сакале да работат, па затоа Агенцијата ги тргнала од евиденција на невработени и ги сместила во посебна група на “други лица кои бараат работа“. Токму затоа, новата матекамика покажала дека во Македонија всушност немало ниту 100 илјади невработни. Па така, ако на крајот на минатата година Агенцијата за вработување евидентираше над 240 илјади невработени лица, во јуни годинава, бројката ја сведе на само 96999 невработени. Од останатите кои веќе не се на овој список, дури 126 илјади лица, според тврдењата на Агенцијата, биле пасивни баратели на работа, а околу 17 илјади лица целосно се симнати од секаква евиденција. Овој податок, Агенцијата го објави вчера, откако половина година спроведуваше пререгистрација на невработените. Новата бројка до која што дојде Агенцијата за вработување е трипати помала од онаа на Државниот Завод за статистка кој регистрираше дури 284 823 невработени лица во првото тримесечје годинава. Според прекроената евиденција, од овој драстично намален број на невработели лица, најголемиот дел се од Скопје- над 15 илјади, а потоа следуваат Тетово со околу 9 илјади и Куманово со околу 5 илјади невработени лица. Меѓу нив има 16 доктори на науки, 744 магистри, и над 16 илјади невработени со високо образование.  

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар