05 Декември, 2025
0.5006

БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ СЕ ЗГОЛЕМИЛ: ама пораснал и бројот на умрени доенчиња

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 09:16

Добивај вести на Viber

Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца  изнесува 4.431 и е зголемен за 3,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Сепак, со оглед на фактот што бројот на умрени лица е поголем од бројот на новороденчиња, природниот прираст и понатаму е во негатива. 

- Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 0,5 отсто во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица, а од нив 20 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува - 418 , што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица - се појаснува во соопштението на ДЗС.


Статистичарите исто така утврдиле дека бројот на новосклучени бракови се намалил во споредба со истиот период минатата година, додека пак бројот на разводи се зголемил. 

Во ова тримесечје од годината се склучени 3.514 бракови и нивниот број е намален за 2,8 отсто во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува  зголемување од 27,7 проценти во споредба со истиот период од 2024 година - се напоменува во соопштението. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат