БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ РАСТЕ: Еболата коси и се повеќе животи носи!
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 13:37
Во најтешко погодените афрички земји бројот на жртви од ебола се зголемил и надминал 9000 мртви, објавува СЗО.
Бројот на жртви од епидемијата ебола повторно расте во трите најтешко погодени афрички земји, надминувајќи 9000 мртви, објави во Женева Светската здравствена организација (СЗО).
Во Гвинеја, Либерија и Сиера Леон од таа болест починале 9004 лица, според последната статистика од 3 февруари, наведува агенцијата Хина.
Епидемијата однела уште десет жртви во Гвинеја, со што бројот на жртви во таа земја се искачил на 1957. Во Сиера Леон забележани се нови петнаесет жртви, па нивниот број се искачи на 3301.
Во Либерија болеста до 1 февруари одземала 3746 животи и нема нови податоци после тоа.
Пад на бројот на новозаболени
Додека меѓународната заедница се организира во борба против епидемијата, падот на новозаболените во последните недели му влева наддеж на населението.
Напорите се посебно насочени на воведување на сигурни процедури кај закопот на мртвите кои се добар дел на извор на зарза.
Но новите податоци покажуваат дека сигурносните мерки бавно се спроведуваат, што има трагични последици во Гвинеја, на пример, каде на подрачјето со границата на Брегот на Слоновата коска кај закопан еден болен починат од вирусот се заразиле единаесет други.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




