Бројот на жртви од вирусот „MERS“ во Јужна Кореја се искачи на 15
Објавено во: Свет 14 Јуни, 2015 19:25
Во меѓувреме Северна Кореја најави драконски мерки за спречување на ширењето на заразата
Петнаесет лица починале од вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром (MERS) во Јужна Кореја, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на здравствените власти.
62-годишен маж починал денеска попладне во болница, во вториот град во земјата, откако се заразил во здравствена установа во главниот град Сеул.
Во текот на денот во Јужна Кореја биле откриени 7 нови случаи на заразата. Една од најголемите болници во Сеул беше затворена привремено со цел справување со епидемијата.
Со 145 заразени, од кои 15 починаа, Јужна Кореја е најтешко погодената држава од „MERS“, со исклучок на Саудиска Арабија.
Во меѓувреме Северна Кореја најави огромни мерки за спречување на ширењето на заразата на нејзината територија.
За вирусот нема лек или вакцина. Стапката на смртност е 35 проценти, според податоците на Светската здравствена организација. Во Саудиска Арабија над 950 лица се заразени со вирусот од 2012 година, а 412 од нив починале.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




