Брокерски совети за осигурување на посевите
Објавено во: Мои пари 18 Март, 2013 13:11
Земјоделците ќе имаат посети од брокерски друштва се со цел директно да им ојаснат кои се бенефитите од осигурувањето на посевите и пакетот услуги што ги нудат осигурителните компании.
Ова е предвидено со Меморандумот за соработка што денеска во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва.
Согласно Меморандумот, брокерските друштва практично ќе бидат медијатори, а ваквата улога, на посредници меѓу производителите и осигурителните компании, ќе ја вршат бесплатно.
- Ова е крупен исчекор со цел максимално искористување на владината поддршка за купување земјоделски осигурителни полиси, рече заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски пред потпишувањето на Меморандумот.
Коњановски нагласи дека неодамнешните поплави и предизвиканите штети од нив, уште еднаш покажаа колкава е потебата од осигурување на површините.
- Последните неколку години се случија поплави, екстремно сушни периоди, од кои, на крај, земјоделците останаа најоштетени зашто не ги осигуруваат посевите, а државата секоја година ја зголемува поддршката за оваа намена, рече заменик министерот, потенцирајќи дека осигуреното е најсигурно.
Изминатиов период, додаде, беа направени бројни анализи за утврдување на причините поради кои македонските земјоделци се уште недоволно го осигуруваат родот и покрај поддршката на државата.
Како што беше речено на прес-конференцијата во Комората, засега само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделски полиси, а од вкупно регистрираните 100.000 земјоделци, само 1.500 купуваат полиси. Најголем е бројот во Кавадарци, 340, Ресен, 250 и Неготино, повеќе од 200. Најмногу, пак, се осигуруваат лозовите насади, 350 хектари, јаболката, 270 хектари, и житните култури, преку 210 хектари.
Годинава Владата обезбеди 35 милиони денари за земјоделските полиси. Мерката предвидува покривање 60 отсто од трошоците за осигурувањето. Поддршката ќе се зголеми до 70 или 80 отсто доколку заживее задругарството.
- Мерката се користи, но секогаш може повеќе и подобро, истакна директорот на Платежната агенција Тони Димовски.
Според него, аплицирањето е многу едноставно преку поднесување пријава во Подрачните единици на Министерството за земјоделство.
Како што рече Миле Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, доколку посевите се осигурани, компанијата, во случај на елементарна непогода е должна да го исплати земјоделецот најдоцна 15 дена по проценката на настанатите штети.
За еден хектар лозје кој носи 10.000 килограми принос по просечна цена од 10 денари за килограм грозје, сумата за осигурување при целосно уништување на насадот/родот би била околу 100.000 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





