29 Септември, 2024
0.0258

БРУТАЛЕН ПЛАН ЗА НАПАДОТ ВО АВСТРИЈА, СО АВТОМОБИЛ ДА СЕ ВТУРНЕ ВО ТОЛПАТА, А ПОТОА ДА УБИВААТ СО МАЧЕТИ И НОЖЕВИ: Уапсениот признал сè

Објавено во: Свет 08 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Пријателите на 19-годишниот уапсен за планирање терористички напад на концертот на Тејлор Свифт требало да работат таму како чувари, пишува денеска австрискиот весник „Курир“. Како чувари, тие би имале пристап до различни локации околу местото на концертот.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал сè детално ги опишал плановите за нападот.

Како што наведува австрискиот весник, 19-годишникот, чии родители се од Северна Македонија, наводно планирал да го вурне автомобилот во десетици илјади фанови кои би стоеле пред стадионот Ернст Хапел за време на концертите, а потоа да убиваат со мачети и ножеви и на крајот да ја активира бомбата направена од украдени хемикалии.

Главниот осомничен уште признал дека „сакал да убие многу луѓе“

Информации за нападот открија Американците?

Како што изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф за австрискиот утрински дневен весник Ö1, информациите за нападот дошле од странски тајни служби. Тој потврди дека имало пријави од странски служби. Како што пренесоа некои американски медиуми, американските тајни служби ги информирале своите австриски колеги за можниот напад.

„Заканата беше многу сериозна“

Заканата од терористички напади на концертите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна, но благодарение на соработката на австриските и странските служби таа беше препознаена во рана фаза и спречена е можна трагедија, објави австрискиот канцелар Карл Нехамер, додавајќи дека властите немале избор.

Се трага уште по неколку луѓе

Според медиумите, полицијата трага по уште неколку лица кои се поврзани со планирањето напади на концертите на Тејлор Свифт, но полицијата не ја потврди оваа информација, пренесува германската новинска агенција dpa.

Младиот човек се радикализирал на Интернет и наводно пред неколку недели се заколнал на верност на раководството на терористичката организација Исламска држава, изјави Руф.

Руф рече дека полицијата „утврдила“ дека 19-годишното момче го фокусирало своето внимание на концертите на Тејлор Свифт.

Ги украл хемикалиите за бомбата

Тој ги украл хемикалиите за бомби од местото каде што работел. Како што пишува Куриер, станува збор за хемикалии со кои лесно може да се направат експлозиви, кои се многу чувствителни на механички удари, триење и температурни промени, а бомбата може многу лесно да се активира.

ФОТО: EPA-EFE/MAX SLOVENCIK

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот