ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов
Објавено во: Свет 28 Септември, 2024
Либанската милитантна група Хезболах ја потврди смртта на нејзиниот лидер Хасан Насрала.
Во соопштението објавено пред неколку моменти, Хезболах вели дека нивниот лидер Хасан Насрала е мртов.
Претходно, израелската војска соопшти дека го убила водачот на групата поддржана од Иран во нападот врз Бејрут во петокот.
Како беше убиен Насрала?
Во соопштението на ИД се наведува дека покрај Насралах, убиен е и командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Али Караки, како и други команданти на таа група.
Насрала бил цел на напад додека бил во централниот штаб на Хезболах во јужното предградие на Бејрут, познато како Дахије.
Hezbollah confirms martyrdom of leader Sayyed Hassan Nasrallah in Friday Israeli attack on Beirut pic.twitter.com/8dFPn7L56j
— Press TV (@PressTV) September 28, 2024
Според ИД, штабот на Хезболах е под земја, скриен под станбените згради во соседството.
„Нападот беше извршен додека во штабот беа највисоките функционери на Хезболах кои подготвуваа и координираа терористички активности против граѓаните на Израел“, се додава во соопштението на израелската армија.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.