Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток
Објавено во: Свет 28 Септември, 2024
САД се одлучни да го спречат Иран и милитантните групи поддржани од официјален Техеран да ја искористат ситуацијата во Либан или да го прошират конфликтот, му рекол американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на својот израелски колега Јоав Галант.
- Остин изрази целосна американска поддршка за правото на Израел на самоодбрана и јасно стави до знаење дека САД се подготвени да ги заштитат американските сили и објектите во регионот и се посветени на одбраната на Израел - изјави денеска портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.
Во меѓувреме, портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека базата на Хезболах во Бејрут, каде што беше убиен лидерот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала, била легитимна воена цел во согласност со меѓународното право.
Фото: МИА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.