„БРЗА И ЈАВНА ИСТРАГА ОД ОБВИНИСТЕЛСТВОТО ЗА МИНАТИТЕ И СЕГАШНИТЕ ИНЦИДЕНТИ“: Коалиција за зелена иднина со рекација за Крива река
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 13:18
Коалицијата за зелена иднина реагира со најостра осуда на повторното заматување на Крива Река и на сомнежите за нова хаварија во рудникот „Тораница“. Доколку се потврдат информациите за истекување на јаловина и/или други токсични супстанци, тогаш ќе имаме пред себе еколошка катастрофа која очигледно ќе остане неказнета само затоа што институциите избрале молк како „одговор“.
Централната и локалната власт покажуваат системска неспособност и отсуство на политичка волја кога станува збор за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.
Ова го истакнуваат денеска од коалицијата за зелена иднина, во која се здружени ДОМ и ДПС од каде посочуваат дека „ова не е изолирана криза — ова е модел на функционирање“.
- Додека Скопје и многу други градови ширум државата се дават во труежот од дивите депонии и додека граѓаните дишат канцерогени честички, истите институции се инертни пред јасни знаци на еколошка деградација во Крива Паланка. Таквото однесување е доказ дека власта не знае а и ниту сака да владее според словото на правото, ниту да ги преземе мерките за превенција и одговор. Тоа е политичка одлука за самоуништување на јавниот интерес - пишува во соопштението испратено до јавноста.
Потоа додаваат дека Коалицијата за зелена иднина бара итни и функционални мерки: мораториум на сите активности на рудникот „Тораница“, земање примероци и независно, транспарентно лабораториско тестирање под надзор на меѓународни експерти; јавно објавување на резултатите; и стручна проценка на ризиците за здравјето на населението.
- Паралелно, бараме да се отвори брза и јавна истрага од страна на Јавното обвинителство за минатите и сегашните инциденти, со цел одговорните да се доведат пред законот.
Ние, како коалиција составена од граѓански активисти, професионалци и политички чинители кои не прифаќаат клиентелистички практики, нема да молчиме додека природата и луѓето се третираат како ресурс за краткорочна добивка. Јавниот интерес и здравјето на заедницата се над секоја партиска калкулација. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат на јавните расправи и да не дозволат случаите на еколошка опасност да бидат скриени зад бирократските оправдувања и празните ветувања - се нагласува во нивното соопштение.
Фото: МИА/Архива
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




