10 Декември, 2025
0.0648

Интервју со Тодор Анѓушев, управител на ЕМС, групација ФЕРОИНВЕСТ

БРЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БАТЕРИИ МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ОВА ЛЕТО

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, во рамките на ФЕРОИНВЕСТ. Според Анѓушев, сега веќе никој нема дилема дека системите за складирање на електрична енергија се неизбежен следен чекор во енергетската транзиција. 

Г-не Анѓушев, како семејна компанија ФЕРОИНВЕСТ 20 години работи на полето на обновливи извори на енергија и цениме дека сте компетентни да дадете Ваше мислење за состојбата која во моментов се случува во Македонија.

Се изградија многу фотоволтаични електрани во последните некоку години, а сега се испоставува дека се и премногу, и дека системот не може да ја прими таа енергија. Претпоставувам дека ако досега имавте клиенти кои бараа да им изградите електрана, сега главно доаѓаат клиенти кои всушност бараат батерии за нивните електрани?

Благодарам за можноста и ценам дека секоја јавна дискусија за оваа тема која е нова за нас како општество ќе биде корисна и за инвеститорите и за сите чинители во енергетскиот сектор. Да, неколку години главните инвестиции беа во фотоволтаични централи, а сега веќе расте потребата и интересот за батерии, односно како на тие централи да се надоградат батерии, или ако се гради нова електрана тогаш да се гради заедно со батерија.

И оваа пролет се случува истото како лани, дури и поизразено. Уште во мај берзата покажуваше минусни цени, односно призводителите или треба да ја исклучат електраната или треба да платат за некој да им ја откупи електричната енергија. Вишокот електрична енергија од обновливи извори прави проблеми и дебаланс во мрежата и јасно е дека складирањето станува неопходност и е неизоставен чекор од енергетската транзиција.

Дали не е веќе доцна за ова лето?

Не е доцна. Ако се почне веднаш, ќе се фати пикот на летните месеци кога производството на електрична енергија е најголемо, а цените најниски. Но, ако се чека повеќе, тој период ќе помине и инвеститорите оваа година ќе имаат загуби.

Ние како ФЕРОИНВЕСТ можеме веднаш да поставиме батерија за клиентот, во најкус рок. Ние можеме да дадеме најдобар сервис и услови за нашите клиенти, и тоа од две причини. Првата е што имаме батериски системи на залиха, така што клиентите за кои ќе изведуваме нема да чекаат. Батериските системи кои ФЕРОИНВЕСТ ги нарача се од нашите партнери кои се реномирани производители на батериски системи и кои имаат инсталирано големи количини во Европа. Втората причина е нашето досегашно долгогодишно искуство во енергетиката и големиот број на технички персонал.

Како што кажав, во Македонија веќе се вградуваат батерии, пред се на фотоволтаици на домаќинства, односно куќи, потоа на фабриките кои ги поставиле фотоволтаиците на своите кровови за да произведуваат своја електрична енергија што си ја користат при нивната работа во погоните, но големи батериски системи се решение и за големи фотонапонски електрани на земја, кои се изградени за комерцијално производство на електрична енергија.

Пред извесно време се донесоа измените на Законот за градење, потоа и на Законот за енергетика, кои го регулираа и делот со батериите, тука се и Мрежните правила од Регулаторната комисија, се очекува и Закон за обновливи извори, така што од страна на регулатива би требало се’ да биде јасно и инвеститорите да можат да вложуваат врз основа на јасни правила.

Интересот е голем, но колкава е реализацијата на батериите во моментов? Дали веќе има инвеститори што ставија батериски системи и кои ова лето максимално ќе ја искористат електричната енергија од сонце?

 Видете, ние како компанија која проектира и гради електрани на обновливи извори, уште од минатата година ги советувавме сите кои имаат фотоволтаични електрани да инвестираат во батерии, но знаете како е: секој финансиски се пресметува, можеби и чека дали проблемот некако ќе биде надминат за сите, без дополнителен трошок, но тоа не може да се случи. Едноставно, има многу електричана енергија од фотоволтаични централи и тоа е така во целиот регион. Не можете да ја продавате кога премногу ја има, бидејќи во тој момент сите имаат премногу. Единствено решение е да ја складирате во батерии, па да ја користите или продавате подоцна, кога заштедата и приходите би биле поголеми.

Според наши сознанија, има одреден број на веќе поставени батерии, и многу голем број проекти на заинтересирани инвеститори кои допрва треба да се почнат.

Која е разликата помеѓу фотоволтаиците и батериите, во контекст на техничкиот дел од инвестицијата? Што откако ќе се инсталира батеријата, како ќе се врши управувањето?

Откако ќе се пушти во работа една фотоволтаична електрана, сопственикот ја остава да работи и нема некои особени дополнителни секојдневни обврски од аспект на нејзиното функционирање.

Но, кај батериите ова не е случај. ФЕРОИНВЕСТ почна да работи на решенија за батерии уште пред 3 години, кога оваа тема не се ни споменуваше и кога сите размислуваа само за фотоволтаици. Батериите се далеку посложен енергетски објект кој бара секојдневно програмирање, мониторинг и одржување. Има многу скриени технички карактеристики, како на пример инсталиран наспроти употреблив капацитет на складирање, или пак софтверски стратегии за контрола на батеријата кои не се компатибилни со пазарните прилики во Македонија. За  правилно и долгогодишно функционирање на батеријата потребно е најпрвин да се избере квалитетен и докажан бренд. Понатаму, потребно е батеријата да биде инсталирана и пуштена во употреба од технички обучен и сертифициран кадар, како што е случајот со инженерите во нашата компанија.

Откако батеријата ќе се пушти во работа, енергијата која батеријата ќе ја влече, складира и празни во мрежа ќе мора да биде во договор со некој снабдувач. Во батеријата има скриени карактеристики, и ако корисникот не е упатен и стручен, тој нема да може да го искористи вистинскиот капацитет на батеријата, бидејќи таа има инсталиран и употреблив капацитет, со различни параметри и вредности. Ние во пакет нудиме и откуп и управување на батеријата, преку фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС.

 ПР Објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени

Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени