Брзо ќе се формира влада - Жбогар вели нема потреба од драматизирање
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017 16:08
Евроамбасадорот Самоел Жбогар, на промоција на кампањата ЕУ за Тебе во Берово посочи дека постои голема шанса набрзо да се формира нова влада и дека овој процес нема потреба дополнително да драматизира.
- Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава - истакна Жбогар.
Инаку Европската Унија преку ИПА фондовите за Берово издвоила три милиони евра средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




