БУБЕВСКИ: СТОРИТЕЛИТЕ ГИ ФАТИЛО ПАНИКА ОД ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС И ЗАТОА ЈА УБИЛЕ, се уште се испитуваат сите детали
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023 10:19
Од она со што располагаме во моментот, во однос на родителот на детето, таткото, двајца од осомничените, кои се во притовор, во однос на позициите на дететото ги разбрале од осомничениот кој не е во државата, но им кажал дека терминот за излегувањето на детето од зградата го дознал од таткото...
Ова го кажа обвинителот Гаврил Бубевски на денешната пресконференција по наоѓањето на усмретено девојчето Вања.
- Се уште имаме само посредни докази дека таткото учествувал во групата која го киднапирала и убила детето. Имаме сознанија дека таткото имал комуникација, но не и докази дека учествувал во организирање. Избеганиот на уапсените им кажал дека тие информации ги има од таткото на девојчето. Тоа се посредни докази со кои раполагаме, и тоа ја насочува истрагата кон таткото. Сега истрагата се насочува во тој аспект, доколку имаме сознанија дека од страна на мајката е продаден стан, допрва ќе разгледуваме други аспекти - појаснуваше Бубевски.
Обвинителот укажа дека досега се обезбедиме признанија за двете дела, и посочи дека она што создаде заблуда во јавнсота, терминот користољубие е значаен во двата слуаја, но тие не се поврзани едни со други.
Според него за овие дела следува најтешка казна во нашата земја.
- Против три лица мрека 48 часа притвор... се уште е во тек обработка на податоци од материјална природа. По наоди од обдукција, од сите преземени биолошки траге, кои се докажуваат со соодветни вештачења, во тој случај МВР ќе излезе со соодветна пријава и тогаш ЈО ќе отвори истрага, формалана постапка. Кога ќе се документира се, ќе се почне со постапка, бидејќи постојат опасности од бегство, но и од повторување на делото - укажа Бубевски.
Тој исто така посочи дека според досегашните изјави, за кои се уште испитуваат, до убиство дошло по само дваипол часа од киднапирањето бидејќи сторителите ги фатило паника оти јавноста во целост беше ангажирана во пронаоѓање на детето.
- Поради големиот интерес, одлучиле дека парите ќе ги бараат подоцна и го лишиле од живот детето - појасни Бубевски на новинарско прашање.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




