Добивај вести на Viber
Опозиционата партија СДСМ го обвини екс премиерот Бучковски дека е пион во рацете на ВМРО ДПМНЕ. По интервјуто на Бучковски за ФАКТОР во кое тој го обвини Црвенковски дека го наместил и за аферата „тенковски делови“ вчера од СДСМ возвратија дека овој нивни сопартиец сам се легитимирал како дел од скандалот Телеком.
- Уште еднаш да потенцирам дека СДСМ поднесе кривична пријава за докажан криминал против, потенцирам непознат сторител во скандалот „Телеком“. Симптоматично, после шест години молк, ВМРО-ДПМНЕ го препозна како сторител, а подоцна и самиот Бучковски се препозна во нашата постапка. Клучното прашање како тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе шест години не ги препознаваше осомничените во скандалот „Телеком“ и не покрена никаква постапка, а деновиве не само што препозна сторител, туку и препозна политичка пресметка во опозицијата? Кого и со кои мотиви штити ВМРО-ДПМНЕ? Се штити од аферата со партиската фирма „Аналитико“ или го користи овој случај и како полуга во сценариото за пресметка со опозицијата? Јас ќе Ви поставам реторичко прашање. Постои ли некој во македонската јавност, без разлика дали се работи за политичка партија или за поединец кој што не сака да знае каде, кој и зошто примил поткуп во случајот со „Маџар Телеком“? Бидејќи говориме за докажан криминал. Инаку, СДСМ и во минатото и сега и во иднина ќе се бори против корупцијата и криминалот и не бега од сопствениот дел од одговорноста во конкретниот случај со скандалот со „Телеком“, велат од оваа партија.
Инаку Бучковски во интервјуто потенцираше дека го прави тажен состојбата во која, како што рече, сега Црвенковски ја втурнал партијата.
- Тој дефинитивно, заедно со дел од раководството почна да се пресметува со мене како неистомисленик, со што им испраќа порака и на другите неистомисленици, на пример денес на Бузлевски, утре на некој трет. Сепак во секое зло има и некое добро, сега конечно сватив и јас дека и мојот судски предмет за тенковските делови е дело на Црвенковски. Долго не верував во таа приказна, веројатно и заради мојата јавно демонстрирана нетрпеливост со поранешниот Министер за правда Маневски, но сега многу се разјаснија и други околности…на пример улогата на Црвенковски во формирањето на НСДП на Тито Петковски и односот на Црвенковски и неговите најблиски соработници на Изборите во 2006-тата година, рече Бучковски.
Тој потенцираше дека нема намера да учествува на локалните избори ниту со своја независна кандидатура, ниту со своја независна листа
.
Бучковски во интервјуто се осврна и на економските политики на Груевски:
- Можеше и мораше да се менаџира подобро. Груевски и неговиот економски тим беа упорни во трошењето на буџетските пари за непродуктивни трошоци, пред се на реализацијата на проектот Скопје 20014 и станаа шампиони во нерационалното трошење за себепромовирање, со безбројните рекламни кампањи, вели Бучковски. Според него најголема стратешка грешка на новата Влада е што не ја почнавме изградбата на големиот енергетски проект Чебрен и Галиште
- И второ, незамисливо ми е зошто ни по 7 години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ не го проширивме гасоводниот систем во Македонија, пред се зошто Скопје не е гасифицирано. Беше готов проектот за гасниот прстен околу Скопје кога ја предадов власта пред 6 и пол години, беше обезбедена и финансиската конструкција, преку делумно затворање на клириншкиот долг со Руската федерација изјави Бучковски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: