Бучковски и Георгиевски во среда одат во Софија на дебата за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2022 19:33
Поранешните премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски се поканети во среда, на 4 мај, во Националната палата на културата (НПК) во Софија каде под покровителство на бугарскиот претседател румен радев ќе се одржи конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република С Македонија“.
Трибината организирана од Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт во спомен на Гоце Делчев ќе се одржи на денот од 119-годишнината од смртта на македонскиот револуционерен деец.
Георгиевски и Бучковски беа олеснувачи во македонско-бугарскиот спор за време додека Зоран Заев беше премиер, а вториот беше и официјално назначен за специјален претставник. Во Софија од македонска страна се поканети новинари, историчари и политиколози.
На конференцијата ќе учествува и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, Ангел Димитров, копретседавачот на бугарско-македонската комисија за историски прашања, а од „Центарот за култура“ „Иван Михаилов -Битола“ претставник ќе биде Георги Црномаров.
Откако Радев ќе го отвори форумот, ќе се одржи трибина на тема „Гоце Делчев и општата историја на Република Бугарија и Република Македонија – меѓу фактите и идеологија“.
Ќе се дебатира и на теми како „Состојба и перспективи за добрососедски односи: европска зрелост на PCM“ и „100 години организирано движење на македонските Бугари во светот. ”
Форумот ќе се пренесува во живо и на БНТ и на Фејсбук страницата на Радев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




