Бучковски: Нема ништо тајно, некој се обидува да ја наелектризира состојбата во земјава
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020
Нема ништо тајно во разговорите, а очигледно некој се обидува да ја наелектризира ситуацијата во Македонија, рече поранешниот премир Владо Бучковски денеска во Студио 10 на Телевизија 24.
Владата на вчерашната седница го назначи Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. Тој сега вели дека ова е предизвик и за него, но тврди дека е убеден дека ќе успееме оти сме биле блиску до излезни решенија. Сепак рече дека е недопустливо ние да биде понижени и зборуваше дека нашите црвени линии се исцртуваат.
„За Македонија нема друга мисија, мора да сме трпеливи, ова мора сега да го решиме. Не гледам дека ќе има промена на политичката сцена во Бугарија. Додека разговараме тимовите работат, бараат решение. Не следи проблемот со македонскиот јазик уште од почетокот на Договорот, јазичната формула инсистираат секогаш да се користи кога ќе се спомене македонски јазик. Веќе имаме направено отстапка. Ништо не е тајно, очигледно е дека некој се обидува да ја наелектризира состојбата во Македонија, инсистираме да се користи македонскиот јазик според Договорот. Што значи терминот заедничка историја? Анализите по Договорот беа дека Бугарија доби признание дека сме имале заедничка историја, а ние добивме признавање дека сме два различни народи, рече професорот Владо Бучковски во Студио 10
Инаку Владата го именуваше Бучковски со мандат од една година. ИНформираше дека целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.