19 Декември, 2025
0.0437

Бучковски: Петков се најде во стапица во Битола

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022 09:11

Добивај вести на Viber

Поранешниот специјален претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, во емисијата „Утрински брифинг“ претпладнево рече дека бугарскиот премиер Кирил Петков се нашол во „стапица на бугарските националисти“ при отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.

- Тој според мене се најде во една стапица. Несакајќи да остави, условно речено, националистите да ја водат приказната околу евентуалниот компромис со Македонија, беше изложен на еден притисок и од нашата домашна јавност кај која загуби дел од симпатиите затоа што сите ние верувавме дека неговиот пристап е вистинскиот начин како ние да дојдеме до одржливо решение, вели поранешниот премиер и олеснувач во македонско-бугарскиот спор.

Бучковски смета дека во овој момент и самото бугарско општество не е созреано да прифати одблокирање на евроинтегративниот пат на Македонија и со тоа се врши притисок на прогресивните сили во Бугарија.

- Сега е вистински проблем да изградиме систем, кој засега не функционира, на взаемно уважување, барајќи во такви околности некои точки кои може да не поврзат.- каде би бил тој заеднички содржател, кој во овој момент ние не го гледаме, наведе тој.

Преку онлајн платформата Зум денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство. Помеѓу основачите е и Бучковски, а целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот" во кој моментално се наоѓаат, да се создаде активно граѓанско општество со претставници од двете земји кои ќе работат на зближување врз основа на европските вредности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки