Бучковски се враќа од Софија со акцискиот план, Османи ќе го анализира
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2021
Специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, се враќа од неговата официјална посета на Софија со акциски план за соработка што беше пред него претставен од бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Планот е насочен кон спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство и се очекува да биде потпишан на претстојниот генерален состанок на меѓувладината конференција.
Што точно содржи овој план не можеше да наведе дури и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“. Тој само најави дека во него има делови кои се надоврзуваат со делови на македонскиот акциски план, но дека има и делови со кои за прв пат се соочуваме и дека во наредниот период ќе бидат добро анализирани.
Тој рече дека тоа е одговор на акцискиот план на македонската влада испорачан од Бугарија и според него може да биде корисен за надминување на проблемите меѓу двете земји, бидејќи тоа е во интерес и на двата соседи, односно страните да се вратат на договорот.
Османи не сакаше да ги коментира дневните изјави на бугарските претставници кои се навредливи за македонскиот идентитет и јазик, бидејќи, како што рече, на овој начин би станал дел од предизборната атмосфера во соседната земја,
Министерот смета дека има одреден напредок во последните четири месеци во официјалната комуникација меѓу двете земји и додаде дека политиката на македонската влада е принципиелна и ќе даде резултати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.